Неделна проганоза за Куманово: Почнува топлотен бран

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Loading...

Денес и утре во целата земја ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 37 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме повторно сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна ќе достигне 39 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За неколку дена ќе биде пуштена пругата од Куманово за Бељаковце

И во среда ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен југоисточен ветер, додека температурата ќе се движи од минимални 19 до максимални 38 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 37 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Сончево и многу топло време ќе се задржи и во петок. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 19 степени, а максималната дневна ќе достигне 37 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бункер во автомобил откриен на Табановце, запленета и разна стока

Во сабота ќе имаме променливо облачно, но и натаму многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти околу 18 степени, а максималната дневна ќе достигне 36 степени целзиусови.

Недела носи дестабилизација. Ќе имаме облачно и топло време со дожд и грмотевици. Ќе дува слаб до умерен источен и североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максималната дневна ќе достигне 35 степени целзиусови.

 

 

Следната работна недела носи суво и топло време со само мал благ пад на максималните температури.

Loading...

Никола Ивановски