Небензја: САД и Украина без одговори на прашањата за биолошко оружје

Сподели со своите пријатели

Вашингтон и Киев сѐ уште не одговориле на барањата на Москва во врска со кршењето на Конвенцијата за забрана на развој, производство и складирање на биолошко и отровно оружје, изјави Василиј Небензја, постојан член на Советот за безбедност при Обединетите нации.

Loading...

„Во средината на јуни испративме писма до САД и Украина со листа на прашања за нивната усогласеност со членовите 1 и 4 од Конвенцијата и побаравме од нив да дадат детални одговори“, рече Небензја на состанокот на Советот за безбедност на ОН. јави ТАСС.

Небензја рече дека Вашингтон и Киев не го дале потребното појаснување, ниту пак преземале итни мерки за подобрување на ситуацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гренел: Ако победи Трамп, ЕУ ќе мора да го реши конфликтот во Украина

Претходно, Русија поднесе официјална жалба против САД и Киев поради активностите на американските воени биолошки лаборатории во Украина.

Руското Министерство за одбрана претходно откри дека САД потрошиле повеќе од 200 милиони долари за работа на биолошки лаборатории во Украина, кои учествувале во американската воена биолошка програма и се справувале, меѓу другото, со предизвикувачите на чума и антракс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.