Дваесет и тригодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако полицијата му пронашла 30 опаковки со марихуана.
– На 19.10.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(23) од Куманово. При преглед кај него биле пронајдени 30 опаковки со марихуана, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

