Не стивнуваат пожарите низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Шест пожари изминатото деноноќие изгаснале кумановските пожарникари, а две од интервенциите биле на поголеми шумски пожари.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, шумски пожар повторно имало во атарот на селата Скачковце и Орашац. Таму горела сува трева, дабова и нискостеблеста шума. Тројца пожарникари во 12:35 часот изглегле на терен, за да околу 18:00 часот биде испратена уште една екипа со тројца пожарникари. Целосната интервенција траела до 20:35 часот. Во гаснењето учествување и седум лица вработени во Шумско стопанство Куманово.

Како што стои во извештајот на РЦУК, вкупно 10 хектари целосно изгореле во пожарот.

Нискостеблеста шума, гранки од дабова шума и сува трева гореле и во атарот на селото Матејче. Кај месноста Вајгроп од 11:00 до 17:45 часот интервенирало едно возило и петмина вработени од Шумско стопанство Куманово. Кога во попладневните часови пожарот се уште не бил ставен под контрола на помош пристигнале и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.

Сува трева горела во селото Отља, на булеварот „Трета МУБ“, населбата Вера Которка и улица „Романовска“, а екипа од тројца пожарникари била испрена на испомош во селото Гиновци, во Општина Ранковце.

Leave a Reply