Не се колешките и познаничките: Со кои жени мажите најмногу изневеруваат?

Сподели со своите пријатели

Во една меѓународна анкета учествувале 5.000 мажи и жени кои одговарале на прашања поврзани со неверства.

Loading...

Ако вашиот партнер некогаш ве изневерува, што мислите со кого ќе го стори тоа?

Можеби со нова згодна колешка, со која неволно те запознал? Или онаа затегната инструкторка од теретана? Ок, тоа е можно. Но, сепак поголема е веројатноста да го направи тоа со жена во вашиот непосреден круг – една од вашите пријателки.

Да, за жал, добро прочитавте. Вашата најдобра пријателка или една од вашите пријателки е совршена цел – ако веруваме во неодамнешното истражување.

Поточно, во меѓународно истражување, 5.000 мажи и жени одговориле на прашања за нивниот сексуален живот. Резултатот покажал дека 23,8 проценти од мажите го изневериле својот партнер со една нејзина пријателка.

Да не зборуваме за лојалност сега, можеме да претпоставиме зошто се случува толку често: пријателката веќе ја знае (не мора да флертува со неа), се создава одредена блискост затоа што тие се гледаат заради девојката или сопругата, кога нешто започнува да се случува меѓу нив никому не е сомнително зошто се дружат.

Сепак, претпазливост треба да имате и кон својата сестра: иако процентот е мал, застрашувачки е што 3,9 проценти од мажите изневериле со некоја роднина на својата сопруга. Има тука сешто, како што е спиењето вашата сакана сестра, а во некои екстремни случаи дури и со вашата мајка.

Но, првоосомничените, колешките, не заостануваат многу зад пријателките кога станува збор за флерт со туѓи мажи – 22,4 проценти од мажите признале дека ја изневеруваат својата партнерка со колешка од работа.

Loading...

Истражувањето открило уште една тажна вистина: 30,9 проценти од жените и 40,4 проценти од мажите го изневериле својот сегашен партнер барем еднаш, а интересно е дека 49,9 проценти не одговориле на прашањето со кого би сакале да го изневерат својот партнер.

Leave a Reply