Не ова не е собир на манекени, туку парада на египетските полицајци (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Припадниците на полицијата во Египет ја покажаа својата сила и што имаат на располагање на парадата во предградието на Каиро, но без горниот дел од униформата.

Loading...

Редови на мажи со силни мускули беа забележани на парадата како внимателно стојат на покривите на комбиња, автомобили и други возила, а на снимките се гледа како се веат неколку египетски знамиња.

 

 

Настанот, кој се емитуваше на египетската телевизија, предизвика голем интерес на социјалните мрежи, бидејќи многу корисници споредуваа фотографии на полуголи мажи кои стојат на возилата на настан како што е парада на гордоста.

Коментаторот на настанот, во ТВ-емисијата, рече дека тие се „силни луѓе кои ги покажуваат своите силни тела и кои заедно со оклопните возила треба да ја претставуваат силата на египетските безбедносни сили“.

 

Loading...

 

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, поранешен генерал, имаше почесно место на прославата.

Церемонијата вклучуваше и демонстрација на атлетските способности на кадетите и промовирање на нови кадети.

Парадата се одржа во Нов Каиро, наменски изграден мега-град на периферијата на Каиро.

 

https://www.youtube.com/watch?v=lVcOh2xaWlc&feature=emb_title

Leave a Reply