„Не одете во Србија таму можат да ве убијат за 10 евра“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На Инстаграм профилот на „National Geographic“ пред неколку дена објавена е видео снимка која била направена во едно село покрај Сомбор во Србија. Видео-снимката која прикажува стара, трошка куќа околу која има снег, двајца мажи кои бегаат од зимата и жена со дете, ја прегледале скоро 200.000 луѓе.

Иако на многумина не им било јасно за што станува збор во снимката, испод неа бргу се појавиле низа навредливи и помалку бизарни коментари на сметка на Србија. За многумина пејсажот бил интенресен, на некои им се допаднал изгледот на руинираната куќа, а трети пишувале дека не ја разбираат поентата на снимката. Но, тука започнала расправија.

– Јас бев минатата година. Таму можат да ве убијат за 10 евра. Белград е ок, како и Нови Сад, но треба да се држите во центарот и да ги избегнувате ноќните клубови, гласел еден коментар.

– „National Geographic“ покажува како во Србија се третираат бегалците, ги сместуваат во студени складишта, стари куќи и кон нив се однесуваат како кон животни. Затоа што за Србите не си човек ако не си Србин, бил другиот коментар.

Дури тој коментар предизвикал бурни рекации. Инаку страницата „National Geographic“ го тагирала фотографот Мухамед Мухеисен кој е новинар награден со Пулицер и основач на меѓународна организација која им помага на бегалците. Фокусот на неговата работа се бегалците и тој веќе десет години ги документира нивните потресни приказни ширум светот.

Омразата во коментарите не запрела тука. Коментарите за „Србите криминалци“ кои „децата ги тераат на снег без јакни“ пордолжиле, а имало и Срби кои возвратиле.

– Ова како де е куќа која многу добро ја познавам во ромската населба во Бачки Моностор. Некогаш таму живееше жена со деца, но го напуштија овој објект. Не знам што сака авторот на снимката. Избрал најлоша куќа за снимање.

– Зошто прокажувате само вакви снимки од Србија? Испаѓа според вас дека Србија нема ништо интересно да покаже, што навистна не е точно. Некој кој никогаш не бил тука, а ве следи, веројатно ќе помисли дека во Србија има беда и јад. Ве молам покажете малку реална убавина, бил другиот коментар.

https://instagram.com/p/BexOeDtjtYZ/?utm_source=ig_embed

Loading...

Leave a Reply