Не го дирај бикот додека се сонча (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Туристка е тешко повредена откако била нападната од бик на популарната плажа Ла Фортуна во Лос Кабос, Мексико.

Loading...

Инцидентот се случил минатата сабота, а видео од застрашувачкиот настан беше објавено на социјалните мрежи од локална радио станица.

Според извештаите, жената ги игнорирала предупредувањата од другите посетители да не се приближува до бикот.

На почетокот на видеото, туристката се обидува да си ги собере работите додека бикот ѝ се приближува.

Ситуацијата изгледала безопасно, но кога таа се обидела да го избрка бикот, тој се изнервирал и нападнал.

Еден човек во позадина ја предупредил жената: „Госпоѓо, навистина си играте сега. Ве молиме немојте“.

Сепак, таа не слушаше.

Бикот потоа ја нападнал жената влечејќи ја по плажата.

Loading...

Нападот траел околу 20 секунди, при што изгледало дека жената се онесвестила.

На крајот, бикот изгубил интерес и си заминал.

На плажата немало спасувачи кои би можеле брзо да интервенираат, што уште повеќе ја отежнувало ситуацијата.

Локалните власти повторно апелираа до посетителите да не се приближуваат до дивите животни за да се избегнат слични ситуации во иднина.