НБА нема да тестира играчи за марихуана во сезоната 2020/21, пишува новинарот на Форбс, Бен Досет.
Претходно, добриот познавач на состојбата во НБА, новинарот Бил Симонс сугерираше дека НБА ќе ја легализира употребата на марихуана во новиот колективен договор.
– Ова е една од лекциите што ги научивме во меурот. Играчите не беа тестирани таму. Дали ова беше еден од факторите за подобрување на квалитетот на играта? Можеби. А дали ова влијаеше на закрепнувањето? – праша Симонс.
Според сегашните правила во лигата, играч добива дисквалификација од пет натпревари по трет позитивен тест. По рестартирањето на минатата сезона во „меурот“ во Орландо, играчите не биле тестирани за употреба на марихуана.
Зоран Стерјовски