Навивачите на Кумани не навиваа откако нивен член загина во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

На регионалниот пат Бујановац – Куманово, денес после 16 часот, се случила сообраќајна незгода, во која животот го загуби М.М (18) години од Куманово, додека неговиот брат се наоѓа во животна опасност, неофицијално дознаваме од кумановчани.

Loading...

До несреќата дошло кога автомобилот со кумановски регистарски таблички директно удрило во камион.

Смртта на момчето од Куманово беше најавена со едноминутно молчење на мечот КК Куманово – МЗТ Скопје, откако навивачката група Кумани најави дека се работи за нивен член.

Натпреварот во Куманово помина без навивање на навивачката група.

 

Leave a Reply