Навивачи на групата Комити дивееле и малтретирале лица вработени во маркет во Велес

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден, на градскиот стадион во Велес, при одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Вардар“ од Скопје и ФК „Силекс“ од Кратово, едно лице од навивачката група на „Комити“ се обидело да се качи на металната ограда, и откако од полициски службеник е предупреден да се симне, навивачката група од околу 50 лица тргнале кон полицискиот службеник кој бил потиснат на металната ограда.

Loading...

Со цел да се оттргнат навивачите од него и истите бидат доведени во состојба на послушност,  употребено е средство за присилба – гумена палка над повеќе лица од навивачката група.

Околу 14.00часот од страна на полициски службеници приведено е лицето Д.С.(20) од Скопје поради  сторен напад над службено лице при вршење работи од безбедноста, и лицата М.М. (27) од Скопје и С.К. (27) од Скопје поради сторен прекршок од „законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревар“.

Околу 16.30 часот, 11 лица од навивачката група „Комити“ извршиле насилство над повеќе граѓани во маркет во Велес, на тој начин што, откако нивни член од групата бил фатен при кражба на чоколади од маркетот, останатите од групата почнале да ги навредуваат, малтретираат и да им се закануваат на вработените со физичка пресметка, по што ги кршеле корпите пред влезот на маркетот и се обиделе насилно да ја отворат влезната врата која била затворена после кражбата.

Притоа, оштетиле и патнички автомобил марка „фолксваген поло“ сопственост на  „Секурити Груп Сервис“ , паркиран од лице кое во моментот службено било ангажирано како обезбедување во маркетот.

По целосно документирање на настанот, од страна на Секторот за внатрешни работи Велес ќе бидат поднесени кривични пријави за „насилство“ и „напад над службено лице при вршење работи на безбедноста“ и прекршочна пријава против две лица за сторен прекршок од областа на „законот за спречување насилство и недостојно однесување на спортски натпревари“.