Навални: Не ми дозволуваат нормален контакт со адвокатите

Сподели со своите пријатели

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални денеска изјави дека затворските власти не му дозволуваат да стапи во контакт со својот адвокат и дека целата кореспонденција со неговиот правен тим сега е предмет на тридневни проверки.

Навални преку своите адвокати рече дека администраторите на затворот одбиле да му ги кажат причините за потегот и дека тој сега комуницира со своите адвокати преку „двојно пластично стакло со решетки внатре“, пренесува Ројтерс.

Навални рече и дека затворските власти тврдат дека тој „продолжува да прави злосторства од затвор“, но дека одбиле да кажат за што се работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ноќ на жестоки напади врз Украина: Русија таргетираше трафостаници, Киев собори 135 дронови

Руската Федерална затворска служба не одговори веднаш на барањето за коментар.

Ројтерс потсетува дека Навални, најгласниот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија, отслужува казна од 11 и пол години, откако беше прогласен за виновен за кршење на условното ослободување и измама и непочитување на судот.

Тој посочува дека сите обвинувања против него се измислени како изговор за да се задуши несогласувањето со режимот и да се осуетат неговите политички амбиции.

Минатата година Навални доброволно се врати во Русија од Германија, каде што беше лекуван, според наодите на западните лаборатории, поради обид за труење со нервен гас од советската ера.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој е мистериозниот брат на Виктор Орбан? Трговец со оружје, поврзан со спорни визи и украинско злато!

Русија негира дека се обидела да го убие Навални.