Наумче Мојсовски нов директор на Агенција за млади и спорт

Сподели со своите пријатели

Поранешниот ракометар и репрезентативец на Македонија Наумче Мојсовски е нов директор на Агенцијата за млади и спорт.

Loading...

На денешната седница тој е именуван за менаџер на оваа институција и ќе го наследи Дарко Каевски, кој во меѓувреме стана пратеник.

Мојсовски е дел од Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, а во својата богата ракометна кариера играше за Пелистер, Вардар и Металург, а во интернационалната кариера играше за Натурхаус Ла Риоха од Шпанија и Лехвија од Катар.

Најголем успех му е петтото место на Европското првенство во Србија во 2012 година заедно со ракометната репрезентација на Македонија.

Никола Ивановски

Leave a Reply