По оваа прашање жените навистина се виновни, а така не велат само мажите туку и едно данско истражување, кое е спроведено на 9.857 мажи и жени на возраст измеѓу 36 и 52 години.
Резултатите од истражувањето покажале дека постои зголемена стапка на морталитет кај мажите во љубовни врски, во кои постојат чести караници, кои ги предизвикуваат жените.
Поради незадоволството од заедничкиот живот, кое притоа го чувствуваат, кај мажите во средни години, три пати е поголем ризикот од смрт.
Како што тврдат истражувачите, мажите, за разлика од жените, во текот на животот имаат многу ппомалку личности со кои можат искрено да разговараат и да споделат свои грижи и проблеми. Затоа можеби имаат понекој член од семејството или пријател, но некои мажи ваш никогаш не разговараат за тоа. Тоа можеби е и најважна причина за зголемената морталистичка стапка меѓу нив.
На мажите нивните партнерки често се единствени личности на кои се поверуваат, а кога таа стане извор на проблеми и живцирање, мажите често паѓаат во депресија, што лошо влијае на нивното здравје – се вели во заклучокот од истражувањето.
Од друга страна жените помалку се нервираат за дрдорењето од страна на мажите.