НАУКАТА ДОКАЖА: Кучињата го разбираат човековиот говор

Сподели со своите пријатели

Унгарските научници во својата нова студија го докажале она што сопствениците на кучиња одамна го знаат: кучињата разбираат што им се кажува.

Loading...

Научниците во Унгарија скенирале мозоци на 13 кучиња додека тренерот им се обраќал за да утврдат која хемисфера од мозокот им е активна.

Било откриено дека кучињата, баш како и луѓето ги процесираат зборовите во левата хемисфера од мозокот, а десната хемисфера ја користат за анализа на тонот на човековиот глас.

Научниците утврдиле дека упатените пофални зборови кон кучињата тие ги разбираат како пофалба ако се изговорени со позитивен тон. Бесмислени зборови, иако изговорени во охрабрувачки тон или смислени зборови изговорени безлично со неутрален тон имаат ист ефект на кучињата – никаков.

Значи, мозокот на кучињата регистрира што му се зборува и со кој тон му се кажува тоа, извјавил неврологот др. Атила Андиќ од Универзитетот „Ејтвеш Лоранд“ во Будимпешта.

– Иако и другите видови сигурно исто така се ментално способни да го разберат јазикот, како што можат и кучињата, сепак е тешо да се утврди затоа што не покажуваат никаков интерес за јазикот на луѓето, рекол др. Андиќ.

Од друга страна, кучињата илјадници години веќе се социјализирани со луѓето, па многу внимателно следат што им зборуваат луѓето и како тоа го прават.


Leave a Reply