Научник предупредува на уште посилни топлотни бранови во иднина: Ова е само почеток!

Сподели со своите пријатели

Сајмон Луис, професор по наука за глобални промени на Универзитетскиот колеџ во Лондон, изјави дека човештвото треба да се подготви за уште посилни топлотни бранови во иднина.

Loading...

„Ова е само почеток. Ова е она што климатскиот систем може да го направи со само 1,2 степени целзиусови затоплување. Сегашните глобални политики нè ставаат на 2,7 степени целзиусови до 2100 година. Тоа е навистина страшно“, предупреди Луис, пренесува Sky News.

Според него, општеството ќе мора да се прилагоди на екстремните температури.

„Темелно, брзо и трајно намалување на емисиите на јаглерод до нето нула може да го запре затоплувањето, но човештвото ќе мора да се прилагоди на уште посилни топлотни бранови во иднина“, додаде Луис.

Како што оцени, има се помалку можности да се обезбеди витална и одржлива иднина за сите.