Нова студија открива дека хормоналните реакции може да бидат причина поради која луѓето ги мамат своите партнери или се впуштаат во парични измами и останати малверзации.
Истражувањето објавено во стручниот магазин ”Журнал на експериментална психологија”, се насочува кон расветлување на поврзаноста на биолошките особини со неетичкото однесување, како би се тестирала хипотезата дека мамењето е начин на борба против стрес.
Имено, постои теорија дека телото го зголемува лачењето на репродуктивниот хормон тестостерон како би ги регулирало, и би ги избалансирало ефектите кои ги создава кортизолот, хормон на стресот.
Научници на Универзитетот Харвадр и Универзитетот во Тексас утврдиле дека не само високото ниво на двата хормона значат и веројатност дека се зголемуваат шансите за прељуба, туку и нашиот ендокрин систем во такви ситуации ни прави да се однесуваме лошо и неетички. Значи, ако сте под стрес, сè е против вашата чесност како човек.
Самото истражување е доста занимливо. На испитаниците им биле дадени математички тестови, а самите морале да кажат колку од задачите ги решиле добро. Но, постоела една стапица. Им било кажано дека што повеќе точни задачи, толку повеќе пари како награда.
Според примероците од плунка соберени пред и по решавање на тестот, дојдено е до сознание дека лицата кои имале повишено ниво на тестостерон, ги прецениле своите можност и кажале дека ги решиле сите задачи, отколку тоа навистина било така.
”Покаченото ниво на тестостерон го намалува стравот од казна, а ја зголемува пречуствителноста кон наградата. Зголеменото ниво на кортизол е поврзано со нелагодната состојба на хроничен стрес. Тестостеронот дава храброст потребна за мамење и прељуба, додека покачениот кортизол дава причина за тоа”, вели ауторот на студијата, Роберт Џозефс од Универзитетот во Тексас.
Ако се случи следниот пат да ве фатат како правите нешто што не треба, заборавете ги изговорите и повикајте се на фактите – биологијата ве има натерано да бидете такви.