Научниците „будат“ џиновски вирус стар 30.000 години

Сподели со своите пријатели

Џиновскиот вирус Mollivirus sibericum уште познат и како „мекиот вирус од Сибир“, долг 0,6 микрони, кој пергектно бил сочуван во севериостичниот дел од Русија наскоро ќе се врати во живот.

Loading...

Имено, научниците планираат да го разбудат вирусот стар повеќе од 30.000 години, за да откријат на кој начин истиот е штетен по животите на луѓето и животните.

Воедно ова е четвртиот праисториски вирус кој е откриен од 2003 година, а научниците предупредуваат дека глобалното затоплување и топење на ледот би можело да открие уште многу слични и опасни патогени материи.

Научниците исто така истакнуваат дека овој, но и слични микроби се наоѓаат на подрачја богати со минерали кои ќе бидат достапни на индустриска експлоатација, кога ледот полеко ќе исчезне.

  • Доколку не сме внимателни, индустријализацијата на овие подрачја без да се обрне внимание на безбедноста би можело да значи будење и на висуро на мали сипаници, за кои мислевме дека се искоренати – вели научникот Жан Мајл Клаверије.

За разлика од вирусот со кој денес се среќаваме, паристориските примероци не само да се поголеми, туку и генетски се многу посложени.