Понуди од 11 градежни компании пристигнале во Министерството за образование и наука, на тендерот за рехабилитација на вкупно седум основни училишта во неколку општини, јавува порталот Билд.
Најповолен понудувач е фирмата „Хилдин комерц“ од тетовското село Желино, која понудила работите да ги изведе за сума од 27.822.389 денари (450 илјади евра).
Со реконструктивниот зафат ќе се подобрат условите за спроведување на настава во објектите на училиштата „Симче Настевски“ од тетовското село Вратница, „Шемшево“ од тетовското село Јегуновце, „Кире Гавриловски – Јането“ од Прилеп, „Браќа Миладиновци“ од скопското село Миладиновци, „Јосип Броз Тито“ од струшкото село Мислешево, „Толи Зордумис“ од Куманово и „Киро Бурназ“ од кумановското село Долно Којнаре.
Рокот за реализација на градежните активности е 12 месеци.
Фото: Нова Македонија