Наскоро се очекува телефонски разговор на Трамп со Путин

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се очекува да имаат телефонски разговор во наредните денови или недели, изјави советникот на Трамп за национална безбедност Мајкл Волц, наведувајќи дека сите знаат дека војната во Украина мора да се стави крај на дипломатски начин.

Loading...

Волц во неделата за телевизијата ABC изјави дека е нереално да се очекува руски војници да бидат протерани од секоја педа украинска територија.

Тој посочи дека Трамп го разбира ова, а и остатокот од светот мора да го разбере, пренесе Ројтерс.

Трамп, кој официјално ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, во неколку наврати изјави дека ќе стави крај на војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сеул: Околу 300 севернокорејски војници загинаа во борбите на страната на Русија