Наскоро сами ќе можете да го подесите квалитетот на видеата на Јутуб

Сподели со своите пријатели

Новата верзија на Андроид апликацијата на YouTube ќе им овозможи на корисниците да го подесат преферираниот квалитет на видео за стриминг.

Loading...

Во моментов, YouTube има поставка за квалитет на видеа кој е подесен серверски.

Вистината за тоа дали 5G мрежата го предизвика коронавирусот (ВИДЕО)

Гугл одлучи да го намали квалитетот на стримингот на глобално ниво, со што стандардниот квалитет ќе се искачи на 480p за да се ослободи протокот и кај другите корисници.

Се разбира, корисникот може рачно да се префрли на HD квалитет додека го гледа видеото, но секое следно видео ќе биде повторно емитувано на 480p.

Нетфликс со 100 милиони долари ќе им помага на актерите кои останале без работа

Откако новата функција ќе пристигне на уредите, корисниците ќе имаат две посебни контроли за стандардниот квалитет на видео – оној кога телефонот е поврзан на Wi-Fi и оној кога се користи со мобилно пренесување.

Новата функција ќе помогне по завршувањето на пандемијата COVID-19, особено кога видеото се гледа на поголемите екрани, како што се таблетите, пренесува Benchmark.

Loading...

Leave a Reply