Наскоро нови емотикони на телефоните: Некои ќе ги налутат верниците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Трансродовото знаме, жени кои носат смокинг, родители кои хранат бебе од шише и родово-неутралниот Дедо Мраз се дел од новото ажурирање на емотиконите на „Unicode Consortium“ за 2020 година, непрофитна организација што поставува стандарди за компатибилност на емотиконите и најавува нови симболи.

Loading...

Новиот сет на емотикони нуди низа нови родово инклузивни симболи, вклучително и родово неутрална личност, маж со мустаќи вел за венчање и родово неутрален смокинг.

Овие нови симболи ќе се додадат на постојните, кои во моментов вклучуваат само маж во костум и жена облечена во венчаница.

Тие ги предложи Гугл, кој исто така сугерираше нови емотикони на кои се прикажува хранење на бебе од шише.

Предлози за нови емотикони може да ги достави секој, иако корпорации како Гугл, Мајкрософт и Епл обично завршуваат со лавовски удел на прифатените предлози.

Италијанците сигурно ќе бидат воодушевени да додадат емотикон на кој се наоѓа свитканата тупаница која се нарекува „италијански гест со рака“. Овој гест со рака најчесто се користи за да се изрази збунетост, неверување или целосно отфрлање („За што зборуваш?!“). Исто така, интензивно и малку агресивно ги зајакнува директните прашања („Кој?“, „Каде?“ или „зошто?“).

Меѓу новитетите се наоѓа и една насмевка со една солза, лице со „Гручо очила“, нинџи, птицата Додо и волнен мамут (два изумрени видови), чај со меурчиња и срце – но буквално, анатомски (белите дробови се наведени и во посебен симбол).

Новиот сет, кој вклучува вкупно 117 нови пиктограми, ќе биде откриен со објавувањето на Emoji 13.0 подоцна оваа година.

Loading...

Тогаш производителите на мобилни телефони и другите уреди ќе треба да ги инсталираат преку ажурирања на софтверот, што веројатно ќе се случи во есен.

Leave a Reply