НАСА сними необична глетка на Марс: Дали е ова мечка? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Камерата на НАСА сними необична формација оддалечена стотици милиони километри од нас, која на задоволство на научниците и вселенските набљудувачи изгледаше како лице на мечка, пишува Вашингтон пост.

Loading...

„Носот на мечката“ е всушност рид во форма на буквата „V“, а „неговите очи“ се два мали, коси кратери, објави Универзитетот во Аризона, кој ги анализираше фотографиите минатата недела.

Кругот што ја сочинува „главата“ би можел да биде резултат на таложење на наслаги над закопаниот кратер, велат од Универзитетот.

Тие, исто така, шпекулираат дека „носот“ е вулкански отвор или кал, а наслагите би можеле да бидат лава или кал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украдената технологија за батерии на Tesla продадена на YouTube

Формацијата, првично снимена од НАСА минатиот месец, веднаш ги освои обожавателите на социјалните мрежи.

– Многу слатко! – прочитајте еден од коментарите.

 

Loading...

 

– Сакам мечка на Марс!

 

 

Некои, пак, коментираа дека „мечката“ повеќе им личела на патка.

Неизвесноста и фасцинацијата од она што се појави на Марс само го разбуди дополнителен интерес кај луѓето за далечната „црвена планета“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Досега само Кина и САД успешно спуштија ровери на Марс.

Loading...

Роверот „Perseverance“ на НАСА безбедно слета на планетата во февруари 2021 година, започнувајќи ја својата мисија во потрага по минат живот.

Во мај 2021 година, Кина стана втората нација која успешно слета ровер на Марс.

Тоа беше историска пресвртница што ја утврди Кина како клучен играч во светот на вселенското истражување.

Обединетите Арапски Емирати станаа првата арапска земја која испрати вселенско летало на Марс истата година.

Иако сондата Хоуп не слета на површината, таа забави доволно за да влезе во орбитата, објави Вашингтон пост.

И додека НАСА лансираше многу мисии за истражување на Марс со вселенски летала, ровери и други научни инструменти, целта е луѓето еден ден да го истражат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: Секое шесто дете е жртва на сајбер-малтретирање

– Инженерите и научниците ширум земјата напорно работат на развивање технологии кои ќе им овозможат на астронаутите еден ден да живеат и да работат на Марс, а потоа безбедно да се вратат дома од следниот џиновски скок за човештвото – се вели во соопштението на НАСА во 2014 година.

Потоа ја објавија својата цел да испратат луѓе на Марс до 2030-тите.

Loading...