НАСА објави дека постои 13 знак на хороскопот и настана хаос на интернетот, но ова е вистината

Сподели со своите пријатели

Голем број на таблоиди на Западот, дури и некои поголеми политички дневници, ја објавија вести дека НАСА објавила дека некои луѓе се родени во знакот на змијата, 13-тиот знак во зодијакот.

Loading...

Змијоносеџот е навистина 13-та ѕвезда на зодијакот, но работите всушност стојат вака…

„Според извештајот на „The Sun“, американската вселенска агенција објави дека родените меѓу 29 ноември и 17 декември, се родени во нов знак, чие име значи „змијоносец“, така што вашиот знак можеби не е како што мислите дека е“, отприлика вака таблоидите масовно го цитираа „The Sun“.

Подлегна дури и „Гардијан“, па во насловот на статијата за „новиот знак“ стави: „Заборавете на бикот или рибата… запознајте се со змијоносецот“.

Всушност, тоа е целосна забуна, започнувајќи со неразбирање на разликата помеѓу астрологијата, забавата заснована на ритуали за да се предвиди иднината уште од Вавилон и астрономијата, што е вистинска наука.

Прво, НАСА воопшто не откри ништо, особено не сега. Некој од таблоидните медиуми наишол на напис на веб-страницата на НАСА со некои од првите лекции по астрономијата, каде што е објаснето дека во зодијакот има 13, не само 12, соѕвездија. Покрај тоа, тој напис беше објавен на 13 јануари 2016 година.

Општо, разликата помеѓу „знак“ и „ѕвезда“ во зодијакот укажува дали станува збор за астрологија или астрономија. НАСА дефинитивно пишуваше за „ѕвездата“.

 

Loading...

 

Второ, НАСА уредно наведува во својот напис дека Вавилонците ја измислиле приказната за „12 знаци“ пред 3.000 години, иако биле свесни, имале очи да го видат ноќното небо, дека во зодијакот има 13 ѕвезди – нема „знаци“, туку sвезди толку распоредени во вселената што од површината на Земјата изгледаат како одредени структури на ноќното небо.

НАСА исто така наведува дека Вавилонците ја отстраниле 13-тата ѕвезда од нивната приказна за „знаците“ на зодијакот за да имаат 12-месечен календар. Она што не го наведува НАСА се причините зошто тоа го направиле Вавилонците. Ова е делумно за практичност заради поделба од 12 месеци во четири сезони.

Вториот дел е за нумеролошките верувања за „совршенството“ на бројот 12 како производ од 3 и 4, што било вткаено дури и во христијанството, на пример преку одредени типично средновековни нумерички мотиви во „Откровение“ во Библијата.

Она што навистина не го зеле предвид таблоидите и некои сериозни медиуми на Западот е објаснувањето за тоа што е „зодијакот“ во астрономска смисла. Сè е засновано на рамнината во која помалку или повеќе се наоѓаат Сонцето и орбитите на сите планети во Сончевиот систем.

Оваа рамнина на небото на Земјата е проектирана како круг по кој Сонцето наводно се движи на небото на Земјата. Значи, ако го замислиме овој круг ноќе како линија што минува низ одредени ѕвезди, излегува дека линијата на кругот пресекува 13 ѕвезди, бидејќи тоа се претежно соѕвездија кои се именувани со  имиња на животни, постои „животински круг“ или „зодијак“.

Во 12 век п.н.е., Вавилонците 12те ѕзведи ги поделиле за околу 30°, што заедно направило круг од 360 °.

Loading...

Таквата приказна ја расипувал „змијоносецот“, познат и како офихус, така што некој излегол со идеја дека змијоносецот едноставно треба да се игнорира, иако е астрономски, физички факт за тоа колку групи од 65 sвезди веќе можат да се видат од Земјата со голо око, за 15 од нив се знае дека имаат планети околу нив…

 

 

И тоа не е единственото нешто што астрономите го откриваат кога гледаат со телескопите во правец на змијоносецот.

Сонцето, патем, да го разјасниме ова, не поминува навистина низ соsвездијата, туку Земјата се врти околу неа, така што на набљудувачот кој би бил склон кон геоцентрична перспектива, може да изгледа дека астрологијата има смисла. Што не е случај.

Исто така, додека во времето на Вавилонците, кога ги поделиче совездијата во знаци и го исфрлиле змијоносецот, поделбата на зодијакот во 12 сегменти, иако не целосно, но донекаде еднаква, веќе не е случај илјадници години.

И периодот на позиции на соsвездието апсолутно повеќе не одговара на она што е наведено во хороскопите.

Loading...

Сепак, ако на некого му се чини погодно да се преправа дека е „роден во знакот на змијоносецот“, кој може да го спречи да го прави тоа?

Leave a Reply