НАСА бара поевтин, поедноставен пристап кон еден од нејзините врвни научни приоритети, испраќање скапоцени примероци од почвата собрани на Марс назад на Земјата, соопштија претставници на НАСА.
Официјален повик за предлози ќе биде испратен денеска до различни центри и лаборатории на НАСА, како и до компании од вселенската индустрија, со цел да се обнови програмата во услови на ограничувања во трошењето и зголемените трошоци, изјавија директорите на НАСА, како што пренесе Ројтерс.
Претставниците на Агенцијата во конференциска врска со новинарите рекоа дека очекуваат да бидат поднесени алтернативни планови оваа есен или почетокот на зимата.
Помошникот администратор на НАСА, Ники Фокс, рече дека плановите ќе се фокусираат на „иновации и докажана технологија“, наместо на нови технолошки скокови, како дел од намалувањето на ризикот и трошоците.
Повикот за редизајн на стратегијата за враќање на примерокот на Марс доаѓа по независниот преглед нарачан од НАСА во септември минатата година заклучи дека програмата ги следи нереалните буџети и очекувања од самиот почеток.
Анализата покажа и дека организацијата на мисијата е гломазна и дека не се спроведува ефикасно, пренесува Танјуг.