Вкупно шест премиери, од кои две комедии, драма, детска претстава, како и две претстави на албански јазик ќе ја збофатат репертоарската понуда на кумановскиот театар.
Реализацијата на две претстави ќе биде поддржана и од Министерството за култура, а станува збор за претставите „Ревизор“ во режија на Андреј Цветановски, со чија подготовка ќе се започне веќе кон крајот на идниот месец, како и претставатата „Бегај, еве ја жена ми 2“ во режија на Коле Ангеловски, чија премиера е планирана за втората половина од годината, односно во рамките на затворањето на фестивалот „Денови на комедијата“.
Тетатарот со сопствени средства ќе реализира две претстави, драма и детска претстава, изјави Симона Тоскиќ, продуцент во Кумановскиот театар.
Лани во Кумановскиот театар беа изведени седум претстави на македонски јазик, „Брачна игра“, „Жена од минатото“,„Грдиот“, „Мајката Храброст“,„Пинокио“,„ Аудиенција“ и „Идиоти“.
Планираме и годинава да продолжиме со исто темпо бидејќи резултатите покажаа дека само со разновидност на репертоарот може да се одржи посетеноста која ја постигнавме, изјави Тоскиќ.
Народниот театар Куманово минатата година имал вкупно 10.000 посетители на сите претстави.