Египетскиот сателит кој е произведен во Русија направи прва снимка од Земјата во 4К резолуција, соопшти британската компанија „Сен“, која го произвела видео-системот за снимање.
Како што наведуваат од компанија, успешно е тестиран и системот со кој се снима во таа резолуција и испраќа на снимки на Земјата.
– Тоа е прв систем во светот кој е во можност од орбитата да испраќа на земјата слика во реално време во ваква висока резолуција, стои во соопштението.
Видео-системот се состои од шест камери, од кои две се подвижни, а со нив управува заеднички компјутерски систем.
На снимката која е објавена можат да се видат Средоземното, но и Црвеното море.
Инаку, овој сателит го произвела руската компанија „Енергија“. Моментално руски специјалисти вршат последни испитувања на сателитот, по што целосно ќе биде предаден на Египет.