Напад на Хезболах врз на Голанската висорамнина, има повредени

Сподели со своите пријатели

Околу 50 ракети денеска беа истрелани од територијата на Либан кон северниот израелски град Катрин на Голанската висорамнина, а најмалку едно лице е полесно повредено во нападот, за кој одговорноста ја презеде милитантната исламистичка организација Хезболах.

Loading...

Некои од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана, иако неколку го погодиле градот, соопшти израелската војска, според Тајмс оф Израел.

Итната помош соопшти дека примила маж на околу 30 години кој бил полесно повреден.

Нападот предизвикал голема штета на куќите во Катрин, наведува израелскиот портал.

Хезболах ја презеде одговорноста за ракетниот напад утринава врз Катрин, тврдејќи дека во соопштението било насочено кон блиската воена база како одговор на израелската воена акција длабоко во либанска територија во текот на ноќта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија призна: Многу е веројатно дека сме убиле заложници по грешка

Израелската армија објави и дека нејзините воени авиони во текот на ноќта погодиле оперативци на Хезболах во јужен Либан и објави видео од овој напад.