Напад на американската амбасада во Бејрут

Сподели со своите пријатели

Припадник на обезбедувањето на американската амбасада е ранет денеска во Бејрут, Либан, во напад на таа амбасада, во кој учествувале тројца напаѓачи.

Еден од нив е убиен, друг ранет, а потерата по третиот напаѓач е во тек, пренесува либанскиот портал ЛБЦ.

Либанската армија соопшти дека возвратила со оган кон напаѓачите и дека повредениот напаѓач, кој е од сириска националност, е пренесен во болница, пренесува АП.

Локалните медиуми јавуваат дека пукањето траело околу половина час.

Американската амбасада соопшти дека никој од персоналот на амбасадата не бил повреден за време на нападот.