Намалете го шеќерот во крвта со овие два напитоци

Сподели со своите пријатели

Една од најчестите и најопасни болести на модерното време е дијабетес тип 2 кој не бира ни старосни групи, ниту пол на луѓето кои ги напаѓа.

Loading...

Симптомите на болеста се умор и голема глад, а според некои истражувања пиењето чај може да помогне во регулацијата на нивото на шеќер во крвта. Така може да влијае на зголемувањето на чувствителноста на инсулинот кој му помага на телото да го регулира нивото на шеќерот во крвта.

Истражувањето објавено во списанието „Азија Пацифист“ се занимавало со влијанието на црниот чај на преддијабетичарските пециенти.

Научниците следеле како овој напиток делува на 24 учесници на возраст од 20 до 60 години, а воедно е мерен и плацебо ефектот. Докажано е дека пиењето чај без дополнителен шеќер може да биде од голема корист, затоа што има голем потенцијал во намалувањето на постпрадијалната глукоза во крвта.

Истражувањето објавено во NCBI покажува слични резултати. Анализирани се податоци на 40.000 пациенти кои во прашалникот одговарале на прашањ поврзани за нивните навики во исхраната па научниците така имале можност да видат кој од нив консумирал топли напитоци и колку често. Оние кои пиеле чај или кафе три пати дневно го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2 за 40 отсто, пишува Дејли стар.

Црниот чај ја зголемува чувствителноста на инсулин и го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Полифенолите се познати и како антиоксиданти и помагаат во заштита од воспаление и канцер. Со други зборови, бенефитите од чајот помагаат и во спречувањето на дијабетес тип 2.

Доколку се грижите дека не можете да добиете дијабетес, посетете го вашиот лекари и направете потребни анализи. Врз основа на симптомите лекарот ќе утврди дали имате ризик од болест.

Симптомите кои не смеете да ги занемарите се голема жед, глад, губиток на тежина, рпомени на расположението, проблеми со спиење, трнење на стапалата, замор, нејасен вид и висок крвен притисок.

Loading...

Image by Tesa Robbins from Pixabay

Leave a Reply