Метеоролошката агенција на Обединетите нации потврдува дека температурата од 48,8 степени на Сицилија пред две години е највисоката температура досега забележана во Европа.
Светската метеоролошка организација објави дека оваа температура на Сицилија е забележана на 11 август 2021 година, во време кога температурите во голем дел од Европа биле во пораст, пренесува АП, додавајќи дека оваа температура го надминала претходниот европски рекорд од 48 степени Целзиусови, која е снимена во грчките градови Атина и Елефсини во јули 1977 година.
Рандал Сервени, кој известува за климатските и временските екстреми до Светската метеоролошка организација, рече дека потврдата за оваа температура уследила по долгата истрага која барала „внимателна анализа“ од агенцијата.
„Оваа анализа го потврдува алармантниот тренд на нови, рекордно високи температури во одредени делови од светот“, рече Сервени.