Татко успеал да исценира несреќа во која нивниот син, наводно погинува. Го поставил момчето на четвороцикл, а својата жена ја замолил да му донесе нешто од автомобилот. За тоа време синот го заменил со лутка.
Комичарот Роман Етвуд од Америка дошол на неверојатна идеја за скриена камера, но во исто време мајката на детет, односно во случајов неговата сопруга доживува пекол.
Тој решил малку да се поигра со својот син Кејн (3) и на својата сопруга да и приреди едно трауматично искуство.
Кога мајката се вратила, тој одглумил дека синот му испаднал од раце и сам се одвезол во правецот на шумата каде се запалил, на што таа бурно реагира.
Меѓутоа, кога очајната мајка заминала до „местото на несреќата“ ја видела лутката и дека сите се живи и нејзиниот син и четвороцикалот.