Најмалку пет лица загинаа во шумските пожари околу Лос Анџелес, соопштија утринава градските власти.
Loading...
Пожарот се шири и во населбата Холивуд, каде што жителите се евакуираат.
Уништени се околу 1.500 згради, а повеќе од 100.000 жители на Лос Анџелес мораа да ги напуштат своите домови.
Властите стравуваат дека бројот на загинати може да биде поголем.
На брзото ширење на пожарот влијае силен ветер кој достигнува брзина и до 160 километри на час, кој, според метеоролозите, ќе продолжи да дува до утре.