Најмалку 32 рудари загинаа во експлозија во рудник во Пакистан

Сподели со своите пријатели

Најмалку 32 рудари загинаа во експлозија на метан во рудник за јаглен во југозападната покраина Белуџистан во Пакистан во неделата, соопштија локалните власти.

Експлозијата се случила во рудник за јаглен на периферијата на Квета, главниот град на покраината Белуџистан, каде што во времето на инцидентот работеле десетици рудари.

Полицијата соопшти дека во времето на несреќата имало околу 40 рудари во рудникот и дека сите заробени работници биле од округот Шангла во северозападната покраина Кибер Пахтунхва во Пакистан, објави Синхуа.

Покраинскиот министер за рудници и минерали, Шоаиб Ношервани, изјави дека спасувачките екипи продолжуваат со операциите во исклучително тешки услови за да стигнат до преостанатите работници заробени под земја, додавајќи дека е започната истрага за да се утврди причината за несреќата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија размислува за забрана на паметните очила на Мета