Најмалку 10 лица загинаа синоќа во Појасот Газа, во продолжение на израелското бомбардирање на палестинската територија, соопшти Цивилната одбрана.
Loading...
„Најмалку 10 цивили загинаа, а десетици други се повредени во израелските воздушни напади, чија цел беа шест куќи источно од Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, во четвртокот рано наутро“, изјави за AFP портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал.
Израел вчера најави дека ќе ги интензивира воените операции како „конечно предупредување“ за жителите на палестинските територии доколку Хамас не ги ослободи израелските заложници.