Најголемиот синдикат во Израел најави генерален штрајк

Сподели со своите пријатели

Претседателот на најголемиот синдикат во Израел, Арнон Бар-Давид за денеска најави генерален штрајк во знак на протест против плановите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за реформи во судството.

Loading...

Денешната одлука на Хистадрут, која претставува повеќе од 700.000 работници во различни сектори, од банки до транспорт и здравство, може да парализира голем дел од економијата на Израел, наведува АП.

Бар-Давид рече дека најавува „историски“ штрајк на работниците во обид да го „запре лудилото“ на контроверзните реформски планови на владата.

„Се грижиме за судбината на Израел. Заедно велиме – доста е. Го изгубивме патот – не се работи за десно и лево. Не можеме дополнително да ја поларизираме нацијата“, рече лидерот на Хистадрут.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел го нападна Иран?

Тој прецизираше дека трговските центри и фабриките ќе бидат затворени, а штрајкот го вклучува и здравствениот сектор.

Штрајкот ќе започне денеска доколку Нетанјаху не објави дека ја прекинува реформата, рече Бар-Давид во просторијата полна со деловни лидери, јавни службеници, вклучително и директори на болници кои повремено извикуваа „Демократија“.

Неговиот говор беше поздравен со овации. Бар-Давид досега се воздржуваше од вклучување на синдикатот во демонстрациите против предлозите за ограничување на овластувањата на судовите, објавија израелските медиуми.

Штрајковите во Хистадрут поради платите во јавниот сектор и условите за работа претходно имаа големо влијание врз земјата и нејзината економија.

Loading...