Најчудните свадбени обичаи ширум светот

Сподели со своите пријатели

Свадбата и свадбените обичаи се важен дел од животот на секој кој сака да направи свадба. Но, пстојат такви кои се слични или исти ширум светот, како правење посебен букет цвеќе и фрлање на истиот кон немажените девојки кои дошле на свадбата.

Меѓутоа, постојат свадбени обичаи кои се многу чудни. Некои од нив се романтични и убави, но од некои може да ви биде непријатно.

Кина е кралица на непријатните свадбени обичаи

Нашиот менталитет тешко го разбира кинескиот народ, нивниот начин на живеење ни е генерално чуден и не можеме да разбереме многу работи кои ги прават во секојдневниот живот. Свадбените обичаи се посебна приказна.

Необични сексуални обичаи ширум светот

Loading...

Младоженецот треба да ја стрела невестата

Младоженецот со помош на лак и стрела три пати ја гаѓа невестата. Секако стрелите не се шилести на врвот, а младоженецот не се обдува да ја убие својата сопруга, туку само метафорично. Кога ќе ги испука стрелите, младоженецот треба да ги собере и секоја од нив да ја искрши, што е осигурување дека ќе се сакаат цел живот.

Ден пред венчавката невестата треба да ја избричи главата

Потребно е ден пред венчавката невестата да избричи се освен плетенка која ќе остане одзади. Ако ова го направи, ќе се знае дека таа е убава и чиста.

Однапред организирано плачење

По традицијата невестата треба да плаче по еден час секој ден, месец дена пред венчавката. По десет дена плачење треба да и се придружат мајката и бабата. Се смета дека ова всушност е искажување на среќа што девојката ќе се мажи токму за тој младоженец.

Среќата е прикажана со различни тонови на плачење во текот на тие месец дена, затоа што до датумот на свадбата во плачењето се приклучуваат сите жени во семејството.

Бизарни обичаи: Фарма за дебелеење и бракови меѓу луѓе и животни

Датумот на венчавка се одредува според црниот дроб на пилето

Невестата и младоженецот имаат обврска да убија пиле држејќи заедно еден нож во рацете. Кога ќе го убијат пилето треба да погледнат во неговиот црн дроб. Доколку пилето има здрав црн дроб, невестата и младоженецот можат да одредат датум за венчавка. Доколку не е здрав, мора да продолжат да убиваат пилиња додека не најдат некое со здрав црн дроб.

Во Индија првин мора да се венчате за дрво

Постојат делови од Индија во кои жените кои тука живеат се сметаат за проколнати, па дека се виновни што мажите рано им умираат. Однапред се смета дека жената на мажот ќе му донесе прерана смрт доколку жената првин не се омажи за дрво.

Кога ќе го направи тоа, дрвото се пресекува, и така клетвата е симната, па може слободно да се омажи.

Сепак, оваа традиција се негува во мал дел на Индија.

Во Кореја го тепаат младоженецот

Во Кореја обичај е на младоженецот да му се собујат кондурите и чорапите, па неговите другари да го удираат по голите табани. Меѓутоа, стапот често е направен од меки материјали, како памук и свила. Овој обичат е повеќе од забава, отколку што може да повреди.

Истиот се спроведува за да младоженецот биде подготвен за првата брачна ноќ, и да не ја разочара невестата.

Индијците Нова година слават 10 пати

Во Шкотска постои обичај за затрупување со смет на младоженецот и невестата

Шкотските младенци ноќта пред венчавката се изненадени со киднапирање од страна на своите пријатели. Меѓутоа, поентата на кидпанирањето е да ги затрупаат со смет, расипана храна, смрдлива риба и слични состојки.

Во некои делови на Шкотска овој обичај се однесува само на невестата, а подоцна дури и ја врзуваат за дрво.

Преданието вели дека ако невестата ова може да го издржи, тогаш може да ги издржи и сите предизвици во бракот.

Leave a Reply