Надгробна плоча посветена на Internet Explorer стана хит на интернет

Сподели со своите пријатели

Шегата на софтверски инженер од Јужна Кореја брзо се прошири на интернет и на социјалните мрежи.

Loading...

Додека денес имаме одличен избор при изборот на алатки за сурфање на Интернет – од Google Chrome, Apple Safari, Firefox, Microsoft Edge и други, оние малку повозрасните ќе се сетат дека претходно немало таков избор и најчесто користеле само еден веб-прелистувач – Internet Explorer.

Кога се појави конкуренција со подобри решенија, уделот на Explorer почна брзо да опаѓа и на крајот Мајкрософт се откажа од IE и го замени со сосема нов веб-прелистувач, Edge. Сепак, компанијата продолжи да ја поддржува својата најнова верзија до 15 јуни, по што Explorer и официјално стана дел од компјутерската историја.

 

 

Додека веста за пензионирањето на Internet Explorer предизвика некои носталгични чувства, еден софтверски инженер отиде чекор понатаму и, верувале или не, направи надгробна плоча во градот Ѓеонгџу за веб-прелистувачот на Microsoft.

Јунг Ки-Јонг од Јужна Кореја потрошил 300 долари за овој споменик на кој под популарното лого и буквата „е“ напишал – тоа е добра алатка за преземање други прелистувачи. Неговата шега и посветеност на оваа алатка станаа вирална сензација, а фотографијата од надгробната плоча брзо се прошири на интернет.

Loading...

 

 

Ки-јонг вели дека ИЕ за него претставува крај на еден период, четврт век обележан со однос кон технологијата полн со љубов и омраза, чиј важен дел бил овој прелистувач. Со надгробната плоча тој само сакаше да ги насмее луѓето, но не веруваше дека неговата шега толку брзо ќе се прошири на интернет.

Жал ми е што си замина, но нема да ми недостига, па затоа пензионирањето е, според мене, добра смрт, ја коментираше одлуката на Мајкрософт да престане да со продршка на IE.