Над 80 возачи викендов казнети во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 80 возачи викендов биле казнети на подрачјето на Куманово поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 82 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Најголем дел од казните биле изречени за неносење кацига, 33, потоа следуваат казни изречени на возачи кои возеле под дејство на алкохол – вкупно 22.

19 казни биле напишани за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, една за минување на затворен сигнал -црвено светло и четири за возач почетник.

Сообраќајните контроли, како што додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски