Над 440 тела пронајдени во гробницата во Изум (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украинската полиција соопшти дека повеќе од 440 тела се пронајдени во масовна гробница во североисточниот град Изум, кој Украина го врати под своја контрола, како и дека некои жртви биле убиени во гранатирање и воздушни напади.

Loading...

„Можам да кажам дека тоа е една од најголемите гробници во голем град во ослободените (области)… 440 тела беа закопани на едно место“, изјави за Sky News Серхи Болвинов, главен полициски истражител за регионот Харков.

Британската агенција Ројтерс наведува дека не можеле да ги потврдат овие тврдења од други извори, а засега Москва не се изјаснила за тоа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во средата ненадејна ги посети украинските војници во Изум, претходно изјави дека украинските власти пронашле масовна гробница во Изум, за што ја обвини Русија.

 

 

„Русија сее и ја остава смртта во пресрет и мора да одговара за злосторствата“, рече Зеленски, според Ројтерс.

Loading...

Руските сили го напуштија Изју минатата недела додека Украина напредуваше во голема контраофанзива која за неколку дена повторно зазеде голем дел од територијата во североисточната Харковска област.

Според Институтот за проучување на војната (ISW), Русија контролира околу 20 отсто од територијата на Украина, јавува Би-Би-Си.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.