Над 200 пожари горат во Русија, вонредна состојба во Јакутија и Забајкалска област

Сподели со своите пријатели

Руската Федерална агенција за стопанисување со шуми денеска соопшти дека во 20 региони во таа земја избувнале 222 пожари, а во Јакутија и во Забајкалска област е прогласена вонредна состојба.

Loading...

Според извештаите, околу 5.000 припадници на противпожарната служба се на терен, пренесува Ројтерс.

Во Јакутија, локалните медиуми објавија дека пожарот зафатил повеќе од 930 хектари земјиште на 10 километри од Бела Гора, село со околу 2.000 жители.

Властите во Јакутија, која беше погодена од пожари неколку пати во последните години, соопштија дека пожарите во три области во регионот се под контрола од службите за вонредни состојби во услови на ескалација на пожари.

Во последните години Русија е зафатена од се поштетните сезони на шумски пожари, кои според експертите се предизвикани од зголемувањето на температурите поради климатските промени, пренесува Танјуг.