Над 100 фирми отворени во Куманово во првата половина годинава

Сподели со своите пријатели

Во првото полугодие од годинава на деловната сцена стапнаа 3.428 компании. Нивните имиња се запишани во Централниот регистар и освен една голема и три мали, сите останати се микрофирми.

Loading...

Притоа, новите инвеститори најмногу биле охрабрени во јануари, кога се основале 707 компании.

За разлика од првиот квартал од годината, во наредните три месеци се намалува интересот за отворање фирми, покажува анализата на порталот Пари врз основа на податоци од БизнисМрежа.мк.

 

 

За да процениме дали ова се многу или малку новоотворени компании, ќе се послужиме со податоци за вкупен број на новоотворени фирми во изминативе години.

Според нив, во 2023 година се отвориле 8.515 фирми, во 2022 година се отвориле 8.670, а во 2021 – 8.662 фирми.

Loading...

Заклучокот е очигледен: ако со вакво темпо продолжат да се отвораат нови фирми, тешко дека ќе се достигнат бројките од минатите години.

Секако, можни се и големи осцилации во следниве месеци, како што и се случувало, па можно е некакво изненадување.

Сепак, повеќе фактори одат во прилог на намалување на инвестициската активност на малите претприемачи: се зголемија каматните стапки за кредитите, политички изборите сами по себе ја спласнуваат желбата за инвестирање, сѐ погласно се зборува за корупција, што е негативен фактор за вложувања, и сѐ повеќе луѓе ја бараат својата иднина во изградбата на туѓи економии.

РЕЧИСИ СЕКОЈА ПЕТТА НОВА ФИРМА Е ВО ТРГОВИЈАТА

Во однос на дејностите, традиционално најмногу новоотворени фирми има во трговијата – речиси секоја петта фирма е во овој сектор.

Поточно, учеството на новите фирми од дејноста трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли е 21,6 насто.

Потоа се фирмите од секторот стручни, научни и технички дејности со учество од 11 насто во вкупниот број на новоотворени фирми.

Учеството на други услужни дејности е 10,6 насто, на хотелиерите и угостителските објекти е 10,2 насто, и на крајот е градежништвото, каде што процентуалното учество во вкупниот број на новоосновани компании е 8,7 насто.

ТОП 5 дејности со новоотворени фирми во прво полугодие од 2024 година

Loading...

 

НАЈМНОГУ НОВИ ФИРМИ ВО СКОПЈЕ, БИТОЛА, ТЕТОВО…

Ако се гледа каде се отвораат фирмите, очекувано, речиси половина се во Скопје. Во главниот град се отворени 47,5 насто од сите новоотворени фирми низ Македонија.

На второ место е Битола, каде што се отворени 5,1 насто, па Тетово и Охрид со сличен процент како битолскиот, и на крајот е Куманово со учество од 3,3 насто.

ТОП 5 градови со нови фирми во првото полугодие од 2024 година

 

ВО 6 ОПШТИНИ САМО ПО ЕДНА НОВА ФИРМА

Со бројка којашто се движи околу сто се Прилеп (101 нова фирма), Струмица (108), Струга (96), Штип (89), и Гостивар (89).

Од поголемите двоцифрени броеви може да спомене и бројот 63, кој го означи бројот на нови фирми во Кавадарци, и 55 за новите фирми во Кичево.

Но, има и општини каде што за 6 месеци се отворила само една нова фирма. Тие се следниве 6 општини: Дебарца, Конче, Кратово, Могила, Старо Нагоричане, Центар Жупа.

Loading...

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/vo-prvoto-polugodie-se-rodija-3428-firmi/