На двајца полицајци од Полициската станица за граничен премин Табановце им се изречени мерки „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци, откако дозволиле излез од РМ на возило управувано од хрватски државјанин, а кое возило од страна на рент а кар агенција било пријавено за украдено и бил приложен договор за изнајмување на возилото на име на друг хрватски државјанин, информира МВР во неделниот извештај за изречени дисциплински мерки.
На полицаец во ПС ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци откако вработениот не изготвил Записник за констатиран прекршок по член 13 од ЗППЈРМ и платен налог на лице кое го навредило).
Началник на Одделение за полиција Куманово, СВР Куманово, заработи парична казна во висина од 15% од месечната плата за четири месеци откако одбил да изврши наредба од претпоставен старешина, недолично се однесувал спрема Комисијата за утврдување на дисциплинска постапка и не определил приоритет во работењето со оперативна информација.
Полицаец во ПС ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“ откако не изготвил Записник за констатиран прекршок по член 13 од ЗППЈРМ и платен налог на лице кое го навредило.
На советник за правни работи и човечки ресурси„ во Одделение за заеднички работи, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“ за несовесно извршување на работните обврски, додека на водачот на безбедносен реон ПС од ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „писмено предупредување“ бидејќи не дал конкретни насоки за постапување на полициските службеници.