На светот му се заканува ураган од петта категорија, вели шефот на ОН

Сподели со своите пријатели

Светот „гледа во очи на ураган од 5та категорија “, изјави во Давос генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Loading...

Во својот говор пред светските лидери на Светскиот економски форум, генералниот секретар на ОН оцени дека „светот е во жална состојба“.

„Нашиот свет е зафатен од совршена бура на повеќе фронтови“, рече тој.

Меѓу главните закани со кои се соочува светот, тој ги посочи претстојната глобална рецесија, војната во Украина, растечките нееднаквости, зголемените трошоци за живот, високата задолженост на ранливите земји и последиците од пандемијата.

Гутереш рече дека во борбата против глобалното затоплување „ја губиме битката“ и дека секоја нова недела носи „нов климатски ужас“.

Ветувањето дека ќе се ограничи порастот на глобалната температура на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа „порасна во чад“, рече тој, предупредувајќи дека светот се движи кон пораст од 2,8 степени.