На претседателот на Перу му е забрането патување во странство

Сподели со своите пријатели

Перуанските парламентарци го принудија претседателот Педро Кастиљо да остане во земјата оваа недела за да се справи со кризата.

Loading...

Кастиљо имаше намера да отпатува во Колумбија на инаугурацијата на новиот тамошен претседател Густаво Петра, но парламентот го спречи да го стори тоа бидејќи земјата моментално е без влада, а се очекува новиот кабинет да положи заклетва во петок.

Иако на функцијата е само една година, Кастиљо веќе двапати се соочи со импичмент, а некои адвокати го повикаа и во овој случај.

Во средата, четвртиот премиер поставен од Кастиљо неочекувано поднесе оставка, а јавното обвинителство отвори пет кривични истраги против овој земјоделец и поранешен учител, меѓу кои и онаа за можно попречување на правдата поради разрешување на министерот за внатрешни работи.