На преминот Табановце откриен непријавен часовник Ролекс

Сподели со своите пријатели

 Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, женски рачен часовник ROLEX, облека, пестициди, дизел гориво, автоделови,мобилни телефони, музичка миксета, модни додатоци, диететски таблети, јавува Царинска Управа на РМ во неделниот извештај за заплени.

Loading...

Еден женски рачен ROLEX часовник и 400 пара детски хеланки, откриени во два одвоени случаи, од страна на мобилните царински тимови.

Во првиот  случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, во багажникот била пронајдена опаковка од Rolex часовник.

Откако бил прашан каде е часовникот, возачот од внатрешноста на возилото извадил женски рачен часовник ROLEX и го предал на царинските службеници.

Turbini, Tabanovce

Осум употребувани турбини за патнички возила, откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените турбини се пронајдени под седиштата на возилото и помеѓу патни торби во просторот за багаж.