На иницијатива на кумановецот Марјан Стошевски дел од повредените во Кочани на одмор на Златибор

Сподели со своите пријатели

На иницијатива спортскиот новинар Марјан Стошевски од Куманово, а во соработка со туристичката организација „Златибор“, педесетина младинци од Кочани кои што беа повредени во пожарот наскоро ќе заминат на бесплатен десетдневен одмор и рекреација во познатото туристичко место во Србија.

Loading...

Хуманата акција ќе се реализира во координација со Црвениот крст, информира иницијаторот Стошевски.

„Мојот скромен придонес кон реализација на оваа акција ме прави многу среќен затоа што сум дел од истата со надеж дека овој престој на Златибор ќе им донесе побрзо оздравување “, истакна Стошевски.

Веднаш по оваа голема трагедија која се случи во Кочани и која сите нас не потресе навистина, разговарав со директорот на туристичката организација „Златибор“, Владимир Живановиќ и дојдов на идеја да испратиме поголема група млади луѓе кои настрадаа во оваа несреќа и од него беше прифатено педесетина млади од Кочани да заминат на Златибор на 10 дена опоравок. Навистина еден голем и хуман гест што се одзваа на оваа моја хумана мисија и јас сум бескрајно благодарен, изјави Стошевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Черкезе нападнал полицајци, тие му пронашле марихуана

Како што додава тој, се надева дека чистиот воздух на Златибор ќе има значи многу, особено затоа што дел од повредените имаа повреди токму на респираторните органи.

– Ова цела акција ќе биде во организација со Црвениот крст и ќе бидеме постојано во контакт. Како ќе се опоравуваат ќе ги испраќаме во групи со цел да дадеме придонес во нивно побрзо и поквалитетно закрепнување, изјави тој.

Сите трошоци ќе ги сноси Туристичката организација „Златибор“ со што 10 дена повредените ќе можат да поминат во оваа туристичка локација.

Никола Ивановски

Loading...