Вториот третман против комарци во Куманово ќе се спроведе на 23 јуни 2026 година (вторник), а активностите ќе започнат на полноќ и ќе траат до раните утрински часови.
Со терестичката дезинсекција, односно третирањето на возрасната форма на комарците, ќе бидат опфатени повеќе локации низ градот и околината.
Прскањето ќе се изведува по течението на реката Кумановка, од Кумановска Бања преку селото Проевце и месноста Бејтови Ниви, долж кејот на реката, како и на површините под бавчите од другата страна на реката.
Третманот ќе опфати и делови од булеварот „Октомвриска револуција“, Градскиот парк, улицата „Никола Тесла“, реонот околу ООУ „Толи Зордумис“, Диво Насеље, селото Романовце, Градските гробишта, Зелен Рид, булеварот „Трета МУБ“, улицата „11 Октомври“, просторот околу Општата болница во Куманово, централното градско подрачје, населбата Перо Чичо и подрачјето покрај реката Серава.
За третманот ќе биде употребен препаратот „Цитрол УЛВ“.
Доколку временските услови бидат неповолни, прскањето ќе биде одложено за првиот нареден ден кога ќе има услови за реализација на планираните активности.
Никола Ивановски

