Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, во 07,15 часот на ГП „Табановце“ на влез во РМ, приведен е Д.Т.(49) од Струмица, откако при проверка било утврдено дека истиот се бара за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Истиот е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка.