На британските туристи ќе им биде забранет влез во Европската унија поради сегашните рестриктивни мерки воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Европската комисија најави дека Велика Британија нема да биде исклучок, пренесува „Гардијан“.
Само неколку земји со ниска стапка на зараза со коронавирус се ослободени од правилата кои забрануваат влез на посетители во ЕУ и Европската економска област (ЕЕА) – а Британците можат да патуваат само до крајот на преодниот период на Брегзит, кој трае до 31 декември.
Членките на ЕУ во октомври се согласија да го усвојат предлогот да им се дозволи на граѓаните на земјите со мала стапка на зараза да влезат во Унијата, вклучувајќи ги Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја.
Јасмина Тасевска